На социјалните мрежи синоќа се појавија снимки од собир на стотина лица без маски пред Музејот на современа уметност во Скопје, на кој имаше и диџеј.
Директорката на Музејот на современа уметност, Мира Гаќина за А1он, вели дека настанот, кој е дел од соработката со Музејот на Македонија, бил најавен и организиран според протоколите, а диџејот не правел журка, туку имал перформанс.
Од МВР пак информираат дека на синоќешниот собир учествувале голем број присутни, кои не носеле маски, ниту пак била обезбедена дистанца. Полицијата најавува соодветни казни затоа што не биле почитувани мерките за заштита од Ковид-19.
Собирот пред Музејот на Македонија бил дел од 13 Меѓународно биенале на млади уметници „Страст за лутање“.
Видео: А1он
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.