еМагазин
Image default
Забава

(Видео) Тајзи го промовираше видео-записот за песната „Сине“

Денеска, на каналот на Балкатон на „Јутјуб“ беше промовирано новото видео и песна на Драган Величковски Тајзи, со наслов „Сине“

За овој проект, Тајзи вели дека е круна на неговата десетгодишна кариера, а последните спотови во режија на Даниел Јовески изгледаат светски. Текстот е на Тајзи, а заедно со еден од нашите најдобри продуценти, Лазар Цветковски ја направија музиката.

„Спотот е вистинско мало ремек дело. Ќе ве наежи и ќе ве замисли во каква сурова реалност живееме и каква борба не чека во животот“, вели Величковски за видео записот за „Сине“.

Снимен е на повеќе локации, во Куклици (Кратово), тврдината Зебрњак, како и боксерските клубови од Куманово и Скопје. Шминката на Андријана Станковска го трансформираше Тајзи во старец, а продукцијата Балкатон од Србија го најави видеото како нешто што дефинитивно ќе ги помести границите и дека им е многу мило што имаат ваков талентиран артист во своите редови.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сара Мејс ќе ја претставува Македонија на Светскиот ден на харфата заедно со најдобрите харфисти од светот

Редакција

(Видео) Нов хит на Дац и Александар, “Воли ме сакај ме”, која е позадината на песната

Редакција

(Фото) Каролина Гочева секси и отмено во нова фото-сесија за „Манго“

Редакција