Борко Андреевски е првиот Mакедонец кој ја прими тест-вакцината против Ковид-19 во Англија, јави ТВ Сител.
Како волонтер се пријавил пред две недели и по неколку испитувања за неговото општо здравје вчера бил повикан да ја прими вакцината.
„Борко се чувствува добро и е среќен што придонел за општо добро на човештвото. Работи како такси возач и на тој начин дознал за тестирањето. Превезувал лекари, пациенти, но и самите вакцини до клиниките.
Согласно препораките тој и неговото семејство како до сега така и во следниот период ќе внимаваат на социјалната дистанца. Фотографии и детали за вакцината тој не смее јавно да споделува согласно протоколот на клиниката,“ јавува ТВ Сител.
Андреевски имал реакции од семејството кога дознале дека се пријавил за волонтер, но потоа се сложиле со неговата желба да помогне.
Фото/видео: ТВ Сител