Лидерот на руската опозиција Алексеј Навални со специјален авион денеска беше пренесен на лекување во Германија откако падна во кома. Неговиот тим тврди дека неговото здравје било нарушено како резултат на труење од непозната супстанца.
Руските доктори од сибирскиот град Омск каде што првично беше примен Навални отфрлаат труење како причина за неговата влошена здравствена состојба. Тие одбиваа да го отпуштат Навални поради нестабилната состојба.
Сепак, неговиот тим издејствува тој да биде префрлен во Германија, каде што допрва ќе се утврдуваат причините за комата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото/Видео:Guardian/Youtube/Sky news
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.