еМагазин
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Во Скопје ќе се градат филмски студија во кои ќе се снимаат холивудски филмови, најави американскиот актер Џон Малкович

Познатата американска филмска ѕвезда Џон Малкович најави дека во Скопје ќе се снимаат холивудски филмови, веднаш откако ќе се изградат повеќе филмски студија во околината на градот во рамки на проектот „Скопје технолошки парк“.

– Би сакал да ги поздравам моите македонски пријатели и да ви кажам колку сум возбуден што ќе соработувам со своите колеги професионалци Д.В. Мафет и Мет Дилон на создавање филмско, музичко и медиумско студио од холивудски калибар, со сертификат за еколошка градба во Скопје. Прво студио од ваков тип на целиот Балкан, изјави Малкович за МРТ.

Тој најави дека ќе го посети Скопје веднаш откако Владата ќе го одобри проектот „Скопје технолошки парк“.

-Решивме да го наречеме проектот „Стоунбриџ студија“ во чест на богатата култура и неверојатната историја на македонскиот народ, истакна Малкович.

Порача дека како балканец по потекло му придава специјално значење на овој проект.

– Возбудени сме не само затоа што ќе работиме и ќе снимаме холивудски филмови во Скопје, туку ќе помогнеме уште повеќе да се зајакне балканскиот филм, како и музичките и уметничките заедници на секој можен начин. Цврсто верувам дека проектот ќе биде од клучно значење за земјата и регионот, рече Џон Малкович.

Тој деновиве е во посета на Србија, каде што синоќа во Феликс Ромулијана, римско наоѓалиште покрај Зајечар, глумеше во претставата „Пеколна комедија – исповед на серискиот убиец“.

Видео од разговорот ОВДЕ.

МИА/Фото: Малкович/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Фајненшал Тајмс“: Кина разгледува опции за мешање и промена кај дозите од вакцините за Ковид-19 за зголемување на ефикасноста

Редакција

Петков: Да се пушти Македонија на патот кон Европа, не значи дека се пушта во Европа

Редакција

Осветен манастирот на Тоше „Свето Преображение Господово“ во Крушево

Редакција