еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Видео) Златни деца од Гевгелија како Нина продаваат крофни за лекување на Луна

Деца од Гевгелија инспирирани од Нина Нинковиќ од Нови Сад, Србија, со продажба на крофни и лимонада почнаа да собираат пари за лекување на Луна Поп-Костова (14), исто така од Гевгелија, во Турција.

Децата од претходно не се познавале со Луна.

Акцијата ја покрена Марија Митрова која има 11 години. Таа заедно со мајка и почна да меси крофни, а веќе да добиваат помош во брашно или зејтин и од нејзините сограѓани.

Во продажбата и помагаат и Петар и Силвија, кои продаваат и други колачи, а истата им оди одлично.

Сите ние можеме да му помогнеме на семејството на Луна да собере 65.000 евра, колку се потребни за операцијата. Средствата треба да се соберат најдоцна до почетокот на септември.

Можете да донирате преку двата телефонски броеви за донации или преку сметките кои ги имате во апелот погоре во текстот.

Вклучете се!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Браќа од Риека продаваа крофни за таткото на Нина од Нови Сад

(Фото) Нина која продаваше крофни за да собере пари за лечење на татко ѝ, ја доби сликата од македонскиот дизајнер Кардула

Фото: Митрова/Фејсбук/видео: ГевгелијаНет/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Традиционалната манифестација Галичка свадба се одложува, заради заштита на јавното здравје

Редакција

Уапсени 17 затворски полицајци од Идризово

Редакција

Костадиновски: Вложувајте во акции, не во ѕидови

Редакција