еМагазин
Image default
Македонија

Викендов ќе пристигнат 500 илјади вакцини „Синовак“, утре уште 100 илјади „Фајзер“

Најавените 500 илјади дози од вакцините против Ковид-19, „Синовак“ ќе пристигнат во државава во недела, во два авиона со по 250.000 дози, а утре се очекуваат уште 100 илјади вакцини „Фајзер“ преку Ковакс механизмот, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој информира дека вакцините ќе се складираат во поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина. Очекува откако ќе биде добиена дозвола за пуштање на сериите во промет од Агенцијата за лекови вакцините тие да се дистрибуираат низ државата од почетокот на следната недела.

-Кинеските вакцини сите заедно со два авиона стигнуваат на 27-ми во недела во 14 и во 16 часот по 250.000 на Аеродоромот во Скопје. Веќе е направен план за складирање во Поликлиниката „Јане сандански“ и на Институтот за судска медицина, каде што има доволно голем капацитет да се сместат во ладните соби вакцините.

Непосредно по добивање на дозволата за пуштање на сериите во промет, верувам дека тоа ќе биде во понеделник или во вторник поради тоа што во Агенцијата за лекови веќе се спремни и ги очекуваат сите документи, дел се електронски пристигнати пред пратката, ќе се дистрибуираат ширум државата, изјави Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следи забрзано темпо на вакцинација, наставниците се во приоритетните групи, вели Филипче

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СОНК вечер носи конечна одлука за прекин на штрајкот

Редакција

Убава вест: Оздравени 46 пациенти, вкупно до сега 1.803

Редакција

Кабинетот на Иванов реагира на исказот на Младеновски за случувањата од 27 април

Редакција