Владимир Четкар со својот Секстет ќе настапи во Охрид во Хотел Филип, на 14 август, петок.
Ова е шеста година по ред како се одржува овој евент насловен како „Вино и џез“ каде што публиката ќе може да ужива во авторската музика на Четкар и во извонредните македонски вина на винаријата Бовин.
Вратите се отвараат во 20:00 часот а концертот ќе започне во 21:00 часот.
За резервации и повеќе инфо љубителите на виното и џезот може да се јават на 078 474 656 и 070 462 463.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.