На 28 август се случи големото отворање на штипското кафуле „Енџелс кафе“. Благодарејќи на богатата програма која трае цела недела, кафулето е одлично посетено.
Но доколку се уште не сте биле, виртуелната тура Ви дава одлична можност да видите како изгледа.
„Ако од било кои причини не сте во можност да го посетите Аngels cafе, изготвивме виртуелна прошетка низ целиот објект. Енергијата која ја има ова место не може виртуелно да се пренесе, но таа енергија ќе ја почувствувате кога ќе бидете наши гости. До тогаш уживајте во прошетката каде виртуелно ќе го проследите секој детал од Angels café“, велат од „Енџелс кафе“.
Виртуелната прошетка можете да ја направите на овој ЛИНК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По четири години пауза, се отвора култното „Енџлс кафе“ во Штип
Фото: Енџелс кафе/Фејсбук