еМагазин
Image default
Спорт

Висока победа за Алкалоид во четвртото коло на Европскиот Клупски Куп 2019

Шахистите на Алкалоид успешно ги продолжуваат борбите на Европскиот Клупски Куп.

Мечот од четвртото коло беше со императив за висока победа, како предуслов да се продолжи трката за една од медалите.

Алкалоид со 4 победи и две реми дојде до резултат  5:1 против екипата „Итака“ од Србија.

Ковалев, Шанкланд и Криворучко со сигурна игра извојуваа победи. Следеа две реми на Андреикин и Инаркиев. Најголема борба се водеше на првата табла, меѓу велемајсторите Мамедјаров и Инѓиќ. Во динамична и остра позиција, дојде до израз шаховската сила на Алкалоидовиот играч, и партијата заврши со победа на Мамедјаров.

По одиграни четири кола, само 4 екипи (од вкупно 66 клуба кои учествуваат) имаат максимални 8 бода, а потоа следи група со 6 бода, меѓу кои и екипата на Алкалоид.

Во петото коло, ШК Алкалоид за противник ја има екипата од Швајцарија „Zurich Schachgesellschаft“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Aлили стана европски шампион во борење и ја израдува Македонија

Редакција

(ВИДЕО) „Како да беше судено, да дадам гол на стадионот на кој поминав убави четири години“, вели Трајковски за победата над Италија

Редакција

Македонскиот Олимписки Комитет одлучи Јован Стојоски од атлетичарите да не претставува на Олимписките игри во Токио

Редакција