П.И “Витаминка” АД Прилеп за периодот јануари – март 2022 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех, информира компанијата преку Македонската берза.
“Остварените единечни вкупни приходи во првото тромесечје од 2022 година изнесуваат 832,858 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2021 година бележат пораст од 17%.
Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2021 година се повисоки за 16%.
Остварените единечни вкупни расходи во првото тромесечје од 2022 година изнесуваат 838,919 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2021 година бележат раст од 18%.
Висината на вкупните расходи е во корелација со работењето во првото тромесечје од 2022 година.
Во извештајниот период е остварена добивка по оданочување во висина од 13,667 илјади денари, која во споредба со добивката за истиот период од минатата година е зголемена за 10%“, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку акции поседуваат во Витаминка кандидатите за членови на Одборот на директори на компанијата
Поранешниот директор на УЈП, Горан Трајковски влегува во Одборот на директори на Витаминка
Фото: Витаминка