Авиокомпанијата „Виз ер“ ги охрабрува патниците да се пријават на аеродромот најмалку два часа пред поаѓањето и да ги посетат шалтерите за пријавување, дури и ако веќе се чекирале преку интернет.
„Поради построгите меѓународни регулативи за патување, патниците треба да пристигнат на аеродромот порано, така што партнерите на авиокомпанијата кои се наоѓаат на шалтерите ќе можат брзо да ги проверат сите потребни патни документи и сертификати што ги бара земјата каде што патуваат, со цел да се потврди картата за влез во авион на патникот.
По пристигнувањето на аеродромот, патниците треба да се упатат директно кон шалтерите за пријавување на „Виз ер“, каде што персоналот ќе провери дали патникот ги има потребните сертификати, дозволи и негативни резултати од ковид тест, како и соодветниот формулар за регистрација преку интернет што го бара земјата во која се патува.
Доколку документите се валидни, „Виз ер“ ќе издаде нова карта за влез во авион, што ќе им овозможи на патниците да се качат на летот. Доколку патникот не може да ги претстави сите потребни документи, авиокомпанијата ќе биде принудена да одбие превоз, бидејќи патникот може да не биде примен во земјата каде што патува.
Неисполнувањето на овие прописи ќе резултира со високи казни и за патникот и за авиокомпанијата,“ информираат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ