„Виз ер“ денеска најави четири нови рути од Македонија до Италија, Германија и Данска, меѓу кои од Скопје до Болоња и Торино – Италија, од Скопје до Билунд – Данска и од Охрид до Фридрихсхафен – Германија.
Првите летови до новите дестинации ќе бидат во декември 2021.
Картите се веќе во продажба на wizzair.com или на мобилната апликација со цени од 1.229 денари 19.99 евра.
„Новите линии ќе ги надополнат постојните услуги што веќе се користат од скопскиот и охридскиот аеродром и ќе ја потврдат заложбата на авиокомпанијата да им понуди на македонските патници летови до различни дестинации.
Новите рути до Болоња, Торино, Фридрихсхафен и Билунд ќе започнат со работа благодарение на распределбата на петтиот авион на „Виз ер“ базата во Скопје,“ информираат од компанијата.
Од таму додаваат дека новите дестинации се познати по нивната култура, природа и гостопримство.
Позната по своите кули, цркви и долги порти, Болоња е еден од најпопуларните градови во Италија. Градот има голема студентска популација што му дава космополитски карактер.
Торино од друга страна е познат по својата префинета архитектура и кујна.
Градот Билунд е дом на вториот по големина аеродром во Данска и е забавно жариште во Европа, обезбедувајќи атракции за сите членови на семејството, особено за малите благодарение на познатиот Леголенд.
Сместен директно на брегот на езерото Констанца, Фридрихсхафен е познат по својата природа, како и по тоа што нуди акција и забава во, околу и на вода.
„Виз ер“ ги советува патниците да ги проверат рестрикциите за патување пред да го започнат своето патување. Со својата подобрена Мапа за планирање на патување, патниците можат да ги проверат рестрикциите за патување низ мрежата на WIZZ.
Веб-страницата со кодови во боја прикажува сеопфатна карта на можни дестинации, со соодветни линкови до владини веб-страници, страници за патувања и сите формулари што треба да се пополнат пред поаѓање.