еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Виз ер“ за Black Friday нуди 30% намалување на цените на картите на одбраните летови

Wizz Air, најзелената авиокомпанија во Европа и водечкиот нискобуџетен авиопревозник во Централна и Источна Европа денес објави попуст до 30% на одбрани летови букирани денес со неограничено време на патување.

Доколку сакате да букирате божиќен или новогодишен одмор во последен момент, или однапред испланиран летен одмор, Wizz Air ги охрабрува патниците да ја искористат оваа уникатна промоција со цел да откријат нови и возбудливи места низ нивната мрежа. Оние кои ќе ги букираат своите билети денес, автоматски ќе бидат додадени во лотарија каде ќе имаат можност да освојат WIZZ ваучер од 1500 евра.

Без разлика кој е вашиот избор на дестинација, имајте предвид дека попустот од 30% е валиден само денес, што значи дека македнските штедливи клиенти ќе имаат време до полноќ да добијат одлична зделка и да си подарат на себе си или на своите сакани патување кое нема да го заборават. Со својата постојано растечка мрежа, Wizz Air сега нуди широк избор на погодни летови до вкупно 31 рута во 15 земји од Скопје и 7 рути во 6 земји од Охрид.

Дестинацијата може да биде една или повеќе, изберете една од 38те рути достапни директно од Македонија или било кој, меѓу повеќето од 700 рути достапни низ WIZZ мрежата.

* Попустот до 30% се однесува на цените вклучувајќи даноци и задолжителни провизии, но исклучувајќи ја административната такса. Промоцијата важи на 29 Ноември 2019 од 00.00 до 23.59 CET на одбрани WIZZ летови. Периодот на патување е неограничен. Цената се однесува само на букирањата направени на wizzair.com или на WIZZ мобилната апликација.

**Цена за една насока, вклучувајќи административна такса. Вклучена е една рачна торба (максимум: 40х30х20cm). Торба на тркалца и секое дополнително парче чекиран багаж подлежи на административни такси. Цената се однесува само на букирања направени на wizzair.com и на WIZZ мобилната апликација. Бројот на седишта по наведените цени е ограничен.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште две недели до завршување на ликовниот конкурс на Ладна

Редакција

Анима Мунди до општините поднесе предлог Програма за решавање на проблемот со бездомните кучиња

Редакција

Нови потрошувачки и станбени кредити за физички лица по повод 35 години НЛБ Банка

Редакција