еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Вкупно 24 медали за „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ на трите најголеми светски вински натпревари ова лето

Винарската визба „Тиквеш“ уште еднаш ја потврди својата лидерска позиција како најтрофејна винарница во Југоисточна Европа. На трите најголеми и најпрестижни светски вински натпревари што неодамна се одржаа во Европа и Азија, врвните вина на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија 24 медали, а со медал се закити и познатата тиквешка „Лозова ракија VS“.

Најголем број награди, од кои дури шест златни, два сребрени и три бронзени медали се освоени на најголемиот вински натпревар во Кина – China Wine & Spirits 2020. На овој престижен натпревар, во конкуренција на вина од 55 земји, со златен медал се наградени: црвеното „Barovo 2017“, белото „Barovo 2019“, белото „Bela Voda 2019“, розе виното „Domaine Lepovo Rosé 2019“, како и розето „Mistral au Jardin 2019“ и црвеното „Terrasse à l’Ombre 2018“ од француската винарница на „Тиквеш“, „Château de Gourdon“.

Дополнително, на летната сесија на еден од најголемите вински натпревари што се одржуваат во Европа – Mundus Vini, во конкуренција од 11.000 вина од целиот свет, вината на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија три златни и еден сребрен медал. Конкретно, во овој натпреварувачки циклус на Mundus Vini, златни медали освоија: црвеното „Barovo 2017“, белото „Domaine Lepovo Chardonnay 2019“ и црвеното вино „Тerrasse à l’Ombre 2018“.

Претходно, на реномираниот интернационален натпревар за вино и жестоки пијалаци (International Wine and Spirit Competition – IWSC), што се одржа во Лондон, Велика Британија, производите на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“, освоија вкупно девет медали, две сребрени и седум бронзени.

Од почетокот на оваа година и покрај ограничувањата и предизвиците што ги донесе кризата со Ковид-19, вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија вкупно 50 медали на најпрестижните светски вински натпревари што се одржуваат во Франција, Германија, Велика Британија и Кина, со што винарската визба „Тиквеш“ одново го потврди успехот од минатите години, потврдувајќи и зацврстувајќи ја својата репутација на најуспешен производител на автентични вина со врвен квалитет.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Убава вест: Александра стана дел од Revija bar & food

Редакција

Убава вест: Семејството на Верица, која спаси неколку граѓани, ќе добие стан на користење во Струмица

Редакција

На 13. „МакеДокс“, земја во фокус – Чешка

Редакција