еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Влада: Предлог за дефиниција на идентитетската припадност на Гоце Делечев нема, тврдењата на Милошоски груба шпекулација

Владата на Република Северна Македонија категорично ја оценува како невистина и ја отфрла шпекулацијата на пратеникот Антонио Милошоски за наводни предлози за дефиниција за идентитетската припадност на Гоце Делчев на кои би требало да се согласат премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов.

-Таков предлог не постои, ниту бил предмет на дискусија, а изнесеното тврдење на пратеникот Милошоски е груба шпекулација и само нанесува штета на процесот што го води заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, нагласува Владата во одговор на прашањето на МИА да даде коментар за тврдењата кои Милошоски денеска ги изнесе преку статус на Фејсбук.

Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, кој се повикува на дипломатски извори од МНР, последниот предлог на официјална Софија е дека премиерите Заев и Борисов за време на предвидената средба на 11 ноември во Бугарија би требало да се согласат дека „Гоце Делчев е Македонец во регионална смисла на зборот, но во смисла на народно-етничката припадност е Бугарин роден во географската област Македонија”.

Оваа дефиниција, според Милошоски би се применувала и на други историски личности, како Даме Груев, Никола Карев, Ѓорче Петров, Панко Брашнаров, Киро Глигоров и други.

Од Владата за МИА нагласуваат дека сите дискусии поврзани со личности и настани од историјата се водат преку заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за образовни и историски прашања.

-Владата на Северна Македонија ја поддржува нејзината работа и ја поздравува заедничката одлука на членовите да имаат почести средби во иднина, се вели во одговорот на Владата до МИА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гоце Делчев да биде Македонец во регионална смисла, а во етничка Бугарин: Ова е предлогот на Софија тврди Милошоски

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се јави и Илинка Митрева: Време е Заев да се соочи со судот на јавноста

Редакција

И по еден месец, без одговор на куп прашања за „Рекет„

Редакција

25- годишна кавадарчанка и 28- годишен маж од Демир Капија се новите случаи на коронавирусот во Тиквешко

Редакција