еМагазин
Image default
Бизнис

Владата ја продолжи работата на „ТЕ-ТО” со полна моќност до 15 април

Владата на седница донесе одлука за продолжување на мерката со која дополнителните количини на електрична енергија во износ од 160 мегавати ќе се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, информираат од прес-службата на Владата.

Од таму додаваат дека „ТЕ-ТО“ АД Скопје, ќе работи седум дена во неделата во периодот од 00:00 до 24:00 часот со полна моќност, во периодот од 1 април 2022 година до 15 април 2022 година. 

– Согласно оваа мерка, АД „Електрани на Северна Македонија” – Скопје ќе ја откупува целокупната произведена електричната енергија на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, согласно правата и обврските меѓусебно утврдени со склучен Договор за купопродажба на електричната енергија, велат од Влада. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дизелот поскапува, а бензинот БС – 95 поевтинува за половина денар

Редакција

Владата одлучи: Од утре се отвораат вежбалните, фитнес центрите и теретаните

Редакција

Владата нема да субвенционира земјоделци кои наместо во Македонија, производите ги извезуваат во странство

Редакција