еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата донесе решение за распуштање на Советот на Општина Тетово

Владата на денешната седница донесе решение за распуштање на Советот на Општина Тетово согласно исполнувањето на еден од условите во членот 75 од Законот за локална самоуправа, според кој општинските совети ќе бидат распуштени доколку не ја донесат завршната сметка и Буџетот до 31 март како што е предвидено со законската одредба.

За ова решение, согласно законот, Владата ќе го извести Собранието по што ќе следува спроведување на постапката за организирање вонредни избори за Советот на Општина Тетово согласно законските одредби, соопшти владината прес-служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европската економска зона е прифатлива, но само како дополнение кон полноправното членство во ЕУ, вели Пендаровски за МИА

Редакција

Владата пак го предлага Данокот на солидарност

Редакција

Телефонската централа преку која што се прислушувало во Основниот суд, била набавена преку Министерството за правда

Редакција