еМагазин
Македонија

Владата ќе ги едуцира граѓаните како да штедат струја

Под слоганот „Штедиме заедно денес за да имаме утре“, Владата од денеска преку информативно едукативни активности ќе ги мотивира граѓаните да штедат струја. Ќе презентира корисни информации како граѓаните поефикасно да ја користат електричната енергија и на тој начин да штедат.

-Енергетски ефикасните сијалици заштедуваат и до 90 проценти електрична енергија. Одржувањето на тепературата на 22 степена, наместо на 25 степени, заштедува до 10 проценти електрична енергија. Краткото туширање заштедува вода, струја и пари на вашата сметка, рече портпаролот на Владата Душко Арсовски, наведувајќи примери со кои преку едукативните активности планираат да поттикнат штедење струја.

Според некои експертски анализи, наведе Арсовски, доколку се почитуваат овие и други препораки, може да се заштеди струја и до 50 проценти.

Порака за штедење упати и Виктор Андонов, соработник на Владата за енергетика, истакнувајќи дека во овој процес се многу важни граѓаните, институциите и компаниите и оти секој треба да направи мала промена во домот или на работното место кое ќе значи многу за енегетскиот систем.

Енергетскиот биланс за производството на струја од ЕСМ покажува дека вчера потребите на домаќинствата и на малите потрошувачи се задоволени со домашно производство од 10.786 мегават часови и набавена струја во износ од 3.110 мегавачт часови. Во термоелектраните се произведени 7.834 мегават часови, а од обновливи извори на енергија 2.952 мегават часови струја.

Владата донесе План за штедење со конкретни насоки за сите органи на државната управа, а заштедата на државните институции што почнаа да го применуваат планот од 1 септември, како што беше објавено, изнесува 20 проценти.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дане Талески останува на функцијата секретар за меѓународна политика на СДСМ

Редакција

Корона вирусот се врати во Дебар, нов случај по педесетина дена

Редакција

Афера „Паразити“: ВМРО-ДПМНЕ ги објави платите на директорите во Железници

Редакција