Соочени со можноста од медиумски мрак што го најавија кабелските и телеком-операторите, изгледа дека институциите конечно се „разбудија”.
еМагазин дознава дека итно во Владата денеска се повикани претставници на операторите на средба на која ќе присуствува техничкиот премиер Оливер Спасовски и ресорните министри за да се најде решение за излез од ситуацијата што беше предизвикана од избрзаното усвојување на измените во законот за медиумски услуги.
Со нив, како што велат операторите, им се наметнува одредба која е неприменлива затоа што ги става во состојба да гарантираат за авторските права на програми што не ги произведуваат, а за тоа да сносат кривична одговорност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Операторите ќе прекинат со реемитување на домашни и странски ТВ канали освен на јавниот сервис
Враќање во 20 век: Антени повторно на терасите за „скромна“ ТВ програма?