еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Владата го одобри договорот за изградба на коридорите 8 и 10д, ќе ги гради „Бехтел и Енка“

На предлог на Комитетот за преговори за изградба на Коридорот 8 и 10 д, Владата го одобри договорот за изградба на планираните четири автопатски делници на овие коридори, информираше Кабинетот на вицепремиерот Артан Груби.

Одобрувањето на договорот за изградба на Коридорот 8 и 10д доаѓа по четиринеделните преговори кои се водеа меѓу консултантот за финансиски трансакции на Владата, „ИРД“, и меѓународниот конзорциум „Бехтел Енка“.

Владата пред неколку недели го одобри заклучокот предложен од Комитетот за преговори дека се исполнети сите предуслови за почеток на преговорите и формирање на работни групи меѓу „Бехтел Енка“ и „ИРД инженеринг“, активности што се одвиваа во изминатите 28 дена.

„Коридорот 8 е долг 68 километри, со автопат со шест ленти, од Тетово до Гостивар, Кичево, преку Струга до Ќафасан, додека Коридорот 10-Д од Прилеп до Битола е долг 40 километри и има исто така шест ленти, со период за изградба од 3 години од почетокот на работите.

Реализацијата на оваа најголема капитална инвестиција во историјата на нашата земја ќе придонесе за економијата, модернизација на патната инфраструктура, што во иднина ќе овозможи дополнителен развој на услугите, подобри услови за развој на бизнисот, но и поквалитетен живот, врски со соседите и меѓународните коридори,“ стои во информацијата од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Владата минатата година потпиша меморандум за соработка со „Бехтел и Енка”, а Собранието донесе Закон за утврдување јавен интерес и негово номинирање за стратешки партнер за овој проект.

На 2 февруари во Владата беше потпишан договор со италијанската „ИРД инжинеринг“ за надзор и правен трансакциски советник за четирите автопатски делници во должина од над 120 километри на коридорите 8 и 10д.

Треба да се градат автопатските делници на Коридорот 8: Требеништа – Струга – Ќафасан (22,5 километри) Гостивар – Букојчани (30,1 километар), Тетово – Гостивар (27 километри) и на делницата Прилеп – Битола (43,4 километри) од Коридорот 10- д.

Директорот на „ИРД инжинеринг“, Паоло Орсини на потпишувањето на договорот вети дека ќе обезбедат највисоко ниво на надзорни услуги и оти навремено и квалитетно ќе бидат завршени работите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„ИРД инженеринг“ понуди најдобар квалитет и цена, велат од Државни патишта за надзорот за изградбата на Коридор 8 и Коридор 10д

Договорот со „ИРД инженеринг“ за надзор и консалтинг за автопатите на коридорите 8 и 10-д е вреден 26,3 милиони евра

Потпишан договор со “ИРД инженеринг“ за консултант и надзор за автопатите на коридорите 8 и 10-д, кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Водовод и Канализација“ лани со приходи од 1,1 милијарда денари

Редакција

Иванов ќе не чини 1.950 евра месечно за канцеларијата во Џевахир „Скај сити“

Редакција

Повеќе жени, најмногу над 60 години, детали за новозаболените од коронавирусот во Македонија

Редакција