еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Повеќе жени, најмногу над 60 години, детали за новозаболените од коронавирусот во Македонија

Според последните податоци, објавени вчера, вкупниот број на заболени со коронавирусот во Македонија изнесува 1.421.

„Тестирани се вкупно 362 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 22. Потврдените случаи се од 6 градови.

Регистрирани се случаи во скоро сите возрасни групи, најмногу од нив, 6 во возрасната група на лица над 60 години, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 13 женски и 9 машки лица.

Хоспитализирани се 6 лица, а останатите се на домашно лекување. Кај 8 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Вкупно 18 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена)“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе мажи, најголем дел се со претходни заболувања, детали за починатите од коронавирусот во Македонија

Убава вест: Од коронавирусот излекувани 75 здравствени работници во Македонија

4 лица од новопочинатите од коронавирусот во Македонија со претходни заболувања

Фото: Кабинет на претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Белградско драмско позориште гостува во МНТ со „Лет над кукавичкото гнездо“ во која игра Бјелогрлиќ

Редакција

Судските постапки нема да запрат поради корона вирусот освен кај ретки исклучоци

Редакција

Девојчето кое почина од струен удар во Илинден имало 14 години: Детали од Обвинителството

Редакција