еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата го одобри „францускиот предлог“, во вторник прва меѓувладина конференција во Брисел

Владата на денешната седница ги разгледа и ги усвои заклучоците кои денеска ги изгласа Собранието и донесе одлука за одобрување на предлогот на француското претседателство.

– Со ова, го отпочнуваме процесот на пристапни преговори на С Македонија со Европската Унија, изјави попладнево премиерот Димитар Ковачевски по завршувањето на 60. владина седница.

Уште еднаш нагласи дека македонскиот јазик е загарантиран и дека нема да се преговара за идентитетските прашања.

Потврди дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи на 19 јули во Брисел.

Со денешната владина седница, како што додаде Ковачевски, „заокружуваме уште еден објективно историски чекор за нашата земја“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Москва: Влезот на Финска во НАТО е дефинитивно закана за Русија, ќе има адекватен одговор

Редакција

Причината за автобуската несреќа во Бугарија е човечка грешка и истрагата најверојатно ќе биде затворена, велат бугарските власти

Редакција

(Фото) Промени во МВР: Кои се новите началници и нивните заменици?

Редакција