еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Владата го усвои предлогот за намалување на ДДВ за цената на струјата за домаќинствата

Владата го усвои предлогот на Министерството за финансии за намалување на ДДВ за електрична енергија за домаќинства, напиша министерот за финансии Фатмир Бесими на Фејсбук.

Како што наведува Бесими, според измените на Законот за данок на додадена вредност, ДДВ-то за електрична енергија се предлага да се намали од 18 на 5 отсто за период од 1 јули 2021 до 30 јуни 2022 и 10 отсто за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година.

„Целта е да им се помогне на домаќинствата во транзитниот период на либерализација на пазарот на електрична енергија и да се одржи пониска цена на струјата,“ потенцира Бесими.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По војната во Украина, ќе има радикални промени не само во европската, туку и во светската политика, вели украинската амбасадорка Задорожњук

Редакција

Распаѓање или прочистување на ВМРО-ДПМНЕ на Денот на Македонската револуционерна борба?

Редакција

Полициски час и рестриктивни мерки и во следните седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Редакција