еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Владата го утврди Предлог буџетот за 2021, за 400 компании 17,2 милиони евра за инвестиции

Владата синоќа во рамки на 19-тата седница го утврди Предлог-буџетот за 2021 година, како и Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2021 година, кои ќе бидат доставени во Собранието, соопшти владината прес-служба.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на мерката за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во текот и во пост Ковид-19 периодот и го разгледа и го усвои Извештајот на Kомисијата за оцена на пријавите на деловните субјекти, задолжувајќи го Министерството за економија да склучи договори со одобрените компании согласно Извештајот.

-Вкупно, 17, 2 милиони евра, средства кои се дел од третиот пакет мерки, наменети за опоравување на домашната економија за време на здравствено-економската криза ќе ги добијат 400 компании, со цел амортизирање на ударот врз домашните погодени бизниси преку стимулирање на приватната потрошувачка со фокус на домашната понуда, директна финансиска поддршка и поддршка за ликвидноста на приватниот сектор и работните места, соопшти владината прес-служба.

Висината на финансиската поддршка е 25  проценти од реализираната инвестиција според инвестицискиот план, но не повеќе од: 40.000 евра во денарска противвредност, за деловни субјекти кои оствариле вкупен приход во 2019 година, не повисок од 1.000.000 евра во денарска противвредност; 100.000 евра во денарска противвредност за деловни субјекти кои оствариле вкупен приход во 2019 година, од 1.000.001 евра до 10.000.000 евра во денарска противвредност; 140.000 евра во денарска противвредност за деловни субјекти кои оствариле вкупен приход во 2019 година од 10.000.001 евра до 50.000.000 евра во денарска противвредност; 200.000 евра во денарска противвредност за деловни субјекти кои оствариле вкупен приход во 2019 година, од 10.000.001 евра, повеќе од 50.000.000 евра во денарска противвредност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Синдикалната минимална кошница во мај 60.090 денари

Редакција

Од денеска се враќа евтината струја

Редакција

Ќе се намали ли цената на зелениот картон на возилата?

Редакција