еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата со уредба овозможи непречен транзит на странски државјани низ државата, со право да останат само 5 часа

Владата на синоќешната 66. седница го донесе Протоколот за непречен транзит на странски државјани низ територијата на Македонија, кој утврдува дека државјаните на други држави кои транзитираат низ територијата до целосната либерализација на режимот за влез и излез во нашата држава, можат да ги користат следните гранични премини: Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и аеродром Скопје.

„Транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг со обврска при транзитот да не се излегува од соодветниот автопат или локален пат и тој да се реализира во рамките на најмногу 5 часа што се потврдува со изјава која странските државјани треба да ја пополнат на влез, а на излез треба корисникот да ја предаде на граничната полиција со цел да се контролира времетраењето на транзитот,“ информираат од Влада.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Александар ја запроси Матеја на дното од Охридското езеро

Редакција

Омикрон варијантата на коронавирусот се очекува да стане доминантна во Европа во првите два месеци од 2022 

Редакција

Сите пратеници кои гласаа за старт на промена на Уставот се обезбедуваат

Редакција