еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Власта се однесува како тврдоглаво дете кое ништо не слуша што му се кажува, вели Ивановска

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Билјана Ивановска вели дека власта се однесува како тврдоглаво дете кое ништо не слуша што му се кажува, осврнувајќи се на оценките за последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија во делот на корупцијата.

„Значи, ДКСК дава препораки, невладините укажуваат, сите укажуваме и тогаш сите се глуви. Сега кога ќе дојде меѓународната заедница да ни ги каже вистинските оценки тогаш наеднаш сите се чудиме. Ама власта не ги гледа оценките.

Мене сево ова ми личи на едно мало тврдоглаво дете, кое што не сака да послуша ништо што му се кажува. За жал, тоа е зрелоста на нашето општество, ништо повеќе од тоа,“ изјави Ивановска во емисијата Анализа 24 на ТВ24.

Таа додава дека без разлика колку и да формираме работни тела, комисии, било што – епилогот ќе биде дали имаме желба, вистинска волја тоа да се заврши или, пак, ќе ја замајуваме јавноста.

Ивановска, посочи дека ДКСК во нејзиниот мандат досега има 50 иницијативи за кривично гонење и уште 50 иницијативи за разрешување на директори и раководители.

„Бар нешто од тоа да се применеше, ќе ја променеше климата во државата,“ рече Ивановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема напредок во борбата со корупцијата и во правосудството, констатира ЕК во извештајот за Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема договор за минималната плата

Редакција

Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време

Редакција

Обвинителството отвори постапка за новите аудио снимки објавени на Јутјуб

Редакција