еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Метлата стана пердув за купување време за Зоран Заев

Метлата се претвори во магла. Метлата стана пердув за купување на време за Зоран Заев. Огромно разочарување по кое се отвора директна можност сите пари да се слеваат кај Вицето и Зоран Заев. Во Македонија ќе продолжи да се краде, ќе продолжи криминалот на власта, ќе продолжат тендерите во 4 очи, истакна денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прес-конференција, откако премиерот Зоран Заев ги соопшти имињата на новите министри.

„Реконструкцијата на владата е само козметичка измена со која нема да има промена на работата на оваа неспособна власт предводена од Заев.

Со ова само се купува време до неминовниот пораз кој што го очекува Зоран Заев на претстојните избори. Јавноста сега има уште една причина за загриженост, бидејќи аболициран криминалец за финансиски криминал, Зоран Заев, ќе биде министер за финансии, а со тоа кланот Заеви се чекор поблиску до парите во буџетот.

Дека нема суштинска промена во Владата говори и фактот што во ресорите кај што имаше клучни неуспеси и проблеми, нема да има никакви промени. Во владата остануваат истите министри за здравство, образование, економија, транспорт и врски и вицепремиер за економски прашања, што е гаранција дека хаосот во Македонија за жал ќе продолжи. Останува Димитров, останува Спасовски, девастација на дипломатијата и колапс на безбедноста во државата“, рече Стоилковски.

Според него, „именувањето на Горан Милевски за министер за локална самоуправа не е ништо друго, освен политички пазар, како што впрочем е и целата влада од која што граѓаните нема да видат никаков бенефит, затоа што овој лик јавноста го знае само како лидер на еден коалициски приврзок и аминџија на Зоран Заев“.

„Изборот за министер за култура доктор Хусни Исмаили не би го коментирале, од проста причина што на оваа позиција се именува професор од медицински факултет и тоа е доволно да се долови потенцијалот на оваа влада.

Нов министер за земјоделие Трајан Димковски, е човек кој досега работеше како шеф на кабинет на доскорешниот министер Николовски, кој што ќе остане запомнат како еден од најнеуспешните министри за земјоделство. Факт е дека ако Димковски досега не знаел да води соодветна земјоделска политика, сега нема ништо да се промени. Впрочем Димковски станува министер за земјоделство само затоа што Николовски отиде како Генерален секретар на СДСМ.

Ова е старо-нова влада со засилен корупциски и криминоген капацитет, на која врвен приоритет ќе и биде продолжување на личното богатење, корупцијата и криминалот, наместо потребите и барањата на граѓаните“, додаде Стоилковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ало бе што беше бруто, нето?!“: Твитер реакции оти Заев ќе биде и премиер и министер за финансии

„Метла ли е, центрифуга ли е?“: Твитер реакции за новите министри и реконструкцијата на Владата

Заев образложи зошто ќе биде и министер за финансии, Тевдовски веројатно останува советник

Заев ќе биде и премиер и министер за финансии: Димковски, Нуредини, Исмаили и Милевски се новите министри

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Епидемиологот Микиќ: Смртноста од корона вирусот е под 4%, но мора следниот период да го заштитиме системот

Редакција

Ковачевски пред пратениците одговори зошто не служел војска

Редакција

Ставот на Владата за преговарачката рамка е билатералните прашања да се решаваат билатерално, тврди Ковачевски

Редакција