еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ најавува антивладини протести, првиот е на 28 ноември

Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ на седница донесе одлука во наредниот период да организира протести со кои што “ќе се застане на патот на антинародната и криминална власт која секојдневно ја  зацрнува судбината на македонските граѓани’, информираат од партијата.

“Првиот протест се планира за среда, 28.11.2018 година, на точно една година од најцрниот и најмонструозно конструиран процес во кој што пратеници, заедно со уметници, актери, режисери и оперски пејачи се апсеа и приведуваа за измислен тероризам.

Протестот ќе започне во 17 часот со место на тргнување од Плоштад ВМРО и ќе заврши пред Владата на Република Македонија.

ИК заклучи дека од доаѓањето на  новата власт државата само тоне, а граѓаните се обвиткани во црна сиромаштија. Ова е црно време за македонската економија, во кое образованието е девастирано, земјоделието тоне, здравството е во хаос и буквално секој сегмет на  општеството е завиен во црнило.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ констатираше дека државата од страна на СДСМ се води во целосно погрешна насока и дека истата само тоне во сиромаштија, криминал и корупција“, велат од партијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој му даде мобилен во затвор на момчето кое ја усмрти Фросина Кулакова

Редакција

Кромидот поскап за 10 денари, доматите и краставиците максимум до 95, леќата 110 денари: Корегирани цените на овошјето и зеленчукот

Редакција

(Фото) 20 години „Sport Life“ – лидер во индустријата на игри на среќа во Македонија

Редакција