еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ обвини за два нови случаи на непотизам во Неготино

Прогласената епидемија на непотизам алармантно се шири додека институциите спијат. Два нови случаеви заразени со епидемија на непотизам во Неготино, а власта сеуште молчи како всушност се заразиле, изјави денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

“Дека непотизмот не е еден случај и единствен, туку е начин на работење на СДСМ говори и примерот со пратеникот на СДСМ од Неготино Ристе Ташев, чија што сестра Катерина Јорданова се вработила во Основното Училиште Страшо Пинџур.

Прашуваме, кој е критериумот според кој токму сестрата на пратеникот од СДСМ е вработена, а не некој друг? Сигурни сме дека не била единствена за таму и сигурни сме дека во огласот не пишувало во делот на критериумите – да биде сестра на Ристе Ташев.

Нов ден, нов пратеник од СДСМ заглавен во непотизам. Страшно!

Да потсетиме и дека во Неготино градоначалникот Тони Делков избран од граѓаните на Неготино ја вработи сопругата Надица Делкова во Основното Училиште Гоце Делчев, кое е директно под неговите ингеренции.

Што уште треба да кажеме за Заев и СДСМ да признаат дека јавниот сектор го претворија во семејно-партиска фирма во која се вдомуваат најблиските роднини и тоа за жал на сметка на граѓаните кои остануваат без егзистенција и без можност за вработување и секојдневно тонат во сиромаштија.

Јавноста со право се прашува колку државни пари се одлеваат во семејните буџети на функционерите на власта и уште колку нивни роднини станаа вработени во државни фирми, институции, агенции, управи, општински органи и слично.

Или обратно да прашаме, уште колку роднини на функционерите останаа невработени за да се вработат и тие? Сигурно се бројат на прсти.

Лажниот концепт на Заев „Живот за сите“ јавноста го виде на дело. Тој концепт се претвори во “Живот за раководството на СДСМ“.

Граѓаните, а посебно поддржувачите на СДСМ сфатија дека овој криминален картел на власт гледа само како да ги вработи своите сестри, мајки, браќа, баби, дедовци, внуки и сите останати на врхушката од власта, а тие на кои нема да им вработи ниту еден близок ги дарува со грантови, тендери или јавни набавки секојдневно без срам и перде“, изјави Арсовски.

СДСМ: Мицкоски е симбол за непотизам, почна повлекувањето од морални причини

Вистинската адреса за прашања за непотизам е Христијан Мицкоски. Таму ВМРО-ДПМНЕ треба да побара одговори како нивниот шеф станал асистент токму кај сопствениот татко и како добил бизнис со хидроцентрали од владата во која бил советник за енергетика, регираат од СДСМ.

“Мицкоски е симбол за непотизам и судир на интереси.

СДСМ останува доследен на ставот дека во државната администрација нема и не смее да има реваншизми, притисоци и политика.

Новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата најави дека ќе го испита целиот процес на вработувањата во јавниот сектор на лица блиски до одредени функционери и јавноста навремено ќе биде информирана, а доколку се утврдат какви било прекршувања на процесите при вработување, ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

Во меѓувреме, започна повлекувањето од работни позиции поради морални причини, без разлика што процесот на вработување бил транспарентен и законски. Тоа за ВМРО-ДПМНЕ беше и се уште е непозната категорија.

Ако ВМРО-ДПМНЕ е навистина загрижена за јавната администрација, нека побара од своите сопартијци да ги повлечат своите роднини од позициите кои им ги обезбедиле за време на нивното 11 годишно владеење“, велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Зошто откази за роднините? Признавате непотизам? Нели се беше легално?“: Твитер за отказот на мајката на Костадинов

Мајка му на портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадинов ќе се повлече од работното место

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со заболени од Ковид-19 по македонските болници

Редакција

Злоупотреба во Охрид: Четири малолетнички објавувале „обработени“ фотографии од врснички со недолична содржина

Редакција

Павле Трајанов: Протоколот со Бугарија е контроверзен, да не се потпишува

Редакција