еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ дрско лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска

Ваквата црна кампања досега е незапаметена и таа е последица на стравот од пораз на Петре Шилегов и Зоран Заев. СДСМ дрско лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

“Во целост ги демантираме ваквите невистини, и ниту една црна кампања, вклучителна и таа во која вмешуваат членови на потесното семејство на Арсовска нема да им помогне да го одбегнат поразот од народот кој им следи.

Потсетуваме дека не е прв пат СДСМ да мавта со лажни обвинувања за бугарски пасоши, тоа станува дел од нивната стратегија додека Заев врши притисоци врз членови на историската Комисија да потпишат тоа што Заев во четири очи договорил да продаде со бугарската власт.

Ваквите лаги нема да го спасат ниту Шилегов од пораз и одговорност за прекумерното богатење додека е на државна функција. Четири стана, две хациенти е учинокот на Шилегов како градоначалник и еден тон лажни вести за прикривање на непособноста на Шилегов“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Данела Арсовска, кандидатката за градоначалник на Скопје 10 години имала бугарско државјанство, тврдат од СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анкета на „Рејтинг“: Ниту Влада предводена од Заев ниту од Мицкоски може да го намали криминалот и корупцијата

Редакција

Владата се надева дека заедничката комисија со Бугарија ќе изнајде решение за Гоце Делчев, во насока на добрососедство

Редакција

Осум новозаболени од Ковид-19 во Куманово, сите од познати кластери

Редакција