еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Во анкетниот лист на Заев нема удели во фирми на негово име, но има на име на неговите родители

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврди дека премиерот Зоран Заев има јавен или сокриен удел во најмалку 12 семејни компании од бизнис со производство на ајвар, па се до фирми за транспорт и бизнис со марихуана и бара да се отуѓи од истите.

“Бараме и очекуваме, Зоран Заев како лидер на СДСМ и премиер на Република Македонија суштински да се оттргне и да се отуѓи за почеток од: Фарма Медика, Тргопродукт, Мамас Фуд, Омни Градба, Центроштепед, Тотал електроник, Еленица, Пеон, Сара Јавор, Тотал Инженеринг, Сара Инженеринг, Дравас Инженеринг, Електро Инженеринг.

Ова се само дел од компаниите во сопственост на кланот Заеви, а имајќи го предвид имотниот лист и изјавите на Заев дека живеат во заедница со братот и родителите, неговото учество и удел во бизнисот додека е избран функционер е и повеќе од суштинско„, посочија од ВМРО-ДПМНЕ.

Официјална реакција за ваквите тврдења на ВМРО-ДПМНЕ од Заев за сега нема.

Во анкетниот лист на Заев нема удели на негово име

Во анкетниот лист на Заев, нема удели на негово име, но на име на родителите пријавил акции.

Акциите се во вредност од 12 милиони денари и истите се стекнати во 2012 година со договор за купопродажба. Нема податок во кои фирми се акциите.

Интересно е дека за разлика од многу други функционери, кои пријавуваат податоци за брат или сестра, Заев не навел што поседува неговиот брат, бизнисменот Вице Заев.

Заев како што стои во неговиот анкетен лист на свое име нема ни недвижен имот, ни автомобил.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бесплатно лекување за наш граѓанин со Ковид-19 ако се најде во болница во Србија и Албанија

Редакција

Хезболах повика на одмазада по нападот на болницата во Газа: Денеска да биде „Ден на гневот“

Редакција

Современ дом со намалена добивка во првото полугодие

Редакција