еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Потпишани меморандуми со Србија за соработка во рударството и енергетиката и електронски систем за патарина

Македонија и Србија денеска во Белград, за време на официјалната посета на премиерот Димитар Ковачевски и по средбата со премиерката Ана Брнабиќ потпишаа три меморандуми за соработка во рамки на иницијативата Отворен Балкан.

Ресорните министри потпишаа Меморандум за разбирање меѓу Владата на Македонија и Владата на Србија за мерките за подобрување на движењето на лица и стоки преку заедничката државна граница, Меморандум за разбирање – проект за електронска наплата на патарина – воспоставување интероперабилен електронски систем за наплата на патарина и Меморандум за соработка во рударството и енергетиката.

Министерот за економија Крешник Бектеши и министерската за рударство и енергетика на Србија Дубравка Ѓедовиќ го потпишаа Меморандумот за соработка во рударството и енергетиката.

Со овој документ, како што информираат за МИА, од Министерството за економија, двете држави се обрзуваат да спроведуваат активности за развој на соработка и деловни односи во областа на рударството и енергијата во согласност со националното законодавство на нивните земји и принципите на меѓусебно почитување и уважување, особено користејќи ги придобивките од меѓусебните односи кои произлегуваат од меморандумот потпишан во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ и овој меморандум.

Соработката меѓу Македонија и Србија во областа на рударството ги вклучува: поттикнување на инвестициите на двете земји во областа на геолошките истражувања и експлоатација на минерални суровини и геотермални ресурси, иницирање и поттикнување на меѓусебна соработка на институциите и деловните субјекти од областа на геологијата и рударството со посебен акцент на почистите технологии и одржливиот развој, размена на информации и искуства за законските решенија од областа на геологијата и рударството како и нивната примена, координирано учество во активностите што се спроведуваат за регионална соработка и интеграција, размена на експерти и професионални искуства од областа на геологијата и рударството.

Соработката меѓу двете земји во областа на енергетиката ги вклучува поттикнување и поддршка на заедничките инвестиции од двете земји, особено за градење на капацитети за користење на обновливи извори на енергија, производство на енергија и меѓусебно поврзување на системите за гас и електрична енергија на страните, поттикнување на заедничко научно и технолошко истражување во областа на новите почисти технологии, особено оние кои се однесуваат на производството и употребата на зелен водород, размена на информации за нормите што ја регулираат областа на енергетиката, организација на заеднички семинари, конференции, тркалезни маси и форуми за обуки и развојни програми од областа на енергетиката, координирано учество во активностите што се спроведуваат за регионална соработка и интеграција, поттикнување, креирање и подобрување на деловните односи и директна соработка на развојот на конкретни проекти меѓу деловните субјекти кои ги именуваат страните од областа на енергетиката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија и Македонија ќе го олеснуваат преминот на границите, особено на Табановце-Прешево

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и Горан Весиќ, министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура потпишаа Меморандум за разбирање – проект за електронска наплата на патарина – воспоставување интероперабилен електронски систем за наплата на патарина и го прифати усогласениот текст на Меморандумот.

Овој Меморандум е со цел да се поддржат напорите на Владата на Македонија и Владата на Србија да се придонесе за исполнување на целите за слободно движење на луѓе, стоки, услуги, капитал и отворени граници, како и продолжување на развојот, модернизацијата и интеграцијата на патната инфраструктура на земјите од Западен Балкан.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор за Габриел Бајрам, со боксови натепал вработен во ресторан бидејќи не му дозволил да крши чинии во објектот

Редакција

(Галерија) „Малешевска Корија – Спорт авантура 2020“: Во Берово се возеа велосипеди низ убавите планински предели

Редакција

Нови 53 случаи на Ковид-19, 94 оздравени, дополнително пријавени двајца починати

Редакција