еМагазин
Image default
Македонија

Во Белград уапсени тројца македонски државјани кои се сомничат за тешки кражби

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Белград расветлија повеќе кривични дела „тешки кражби“ и приведоа тројца државјани на Северна Македонија, од кои едниот има и српско државјанство јави дописникот на МИА од Белград.

Полицијата ги уапси Б.С. (24), Б.Н.(31) и А.К. (23), кои се сомничат дека во текот на ноември и декември годинава провалиле во станови и куќи на територијата на Белград од каде со специјален алат за отворање блиндирани врати украле пари, накит, часовници и други вредни предмети.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе бидат изведени во Третото основно јавно обвинителство во Белград.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Кавадарци заболени од Ковид -19 уште три млади лица на возраст од 19 и 22 години

Редакција

(ФОТО) Оставањето вакум во нашиот дел од Европа не е опција, изјави Заев на Самитот на НАТО

Редакција

Хаос во МАНУ: Ќулавкова го критикуваше законот за употреба на јазиците, Беџети одговори на албански јазик

Редакција