еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Во Битола ќе се одржи осумчасовен музички маратон

Една нова иницијатива деновиве ја бранува Битола, преку кампањата на дигиталните медиуми.

Насловот е We pretend it’s a city| Bitola, со кој се најавува стартот на едно ново поглавје на културни настани во градот, кој во фокус ќе ја имаат алтернативната култура во урбан контекст, надвор или на границите на постоечката популарна култура.

Иницијалниот настан ќе се случи на 1 април во Клубот Јагода, со почеток во 21.30 за кој е најавен 8 часовен музички маратон на кој ќе настапат водечки артисти и бендови од електронската и алтернативната музичка домашна сцена, трап музичари и нови музички формации.

Градот го прават луѓето кои живеат во него. И колку ова да звучи како клише, Битола ја прават битолчани.

Зошто We pretend it’s a city?

Затоа што една група од нас тука е во постојана борба, да направи Битола да биде градот што ние сме го замислиле и каде навистина сакаме да живееме.

На 1 април отвораме едно ново поглавје во градот со музички настан кој ќе покаже дека тука сѐ уште има луѓе кои има што да кажат, од двете страни на бината, објавија организаторите на своите социјални медиуми.

Лајнапот за овој настан ги најавува следните бендови и артисти: Heart on sleeve, Марија Каева Трио, PMG, Princess Donatsu, Donplaya, Мирко Попов и BerryQuat.

Иницијативата We pretend it’s a city | Bitola планира и следни чекори, на ако одите на првиот настан, очекувајте бескомпромисен електронски звук, претенциозна листа на познати нумери од етаблирани бендови, слобода на говор и израз на трап артистите и нови музички концепти групи кои допрва доаѓаат.

Фото: Општина Битола

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во тек е трансплантација на срце и бубрези од 42-годишна пациентка, чијашто последна желба била да ги донира органите

Редакција

Стинг ќе настапи во Сараево, во организација на Авалон продукција

Редакција

Бугарија ќе ни донира вакцини од „Фајзер“ чиј рок истекува на 30 септември

Редакција