еМагазин
Image default
Македонија

Во Дебар два нови случаи на Ковид-19

Во изминатото деноноќие во Дебар потврдени се два нови случаи на заразени со Ковид-19, нема новооздравени, ниту починати лица.

– Состојбата е тешка. Секојдневно имаме новозаразени, се поголем е бројот на оние кои се јавуваат со симптоми, но има лица кои поради лесната форма на болеста не се јавуваат за да им се земе брис.

Не можеме да поврземе кој од каде се заразил, не кажуваат кој со кого бил во контакт. Еве само денеска земени се брисеви на 31 лице, изјави за МИА епидемиологот Ментор Меља, раководител на Работната единица на Центарот за јавно здравје.

Тој вели дека е разочаран од своите сограѓани поради непочитувањето на мерката за носење заштитна маска и одржување физичка дистанца.

Посочи дека од крајот на февруари до сега, направени се над 1.100 тестови. Позитивен резултат е добиен кај 153 лица, од нив пет од Центар Жупа.

Битката со опасниот вирус ја добија 57, починаа петмина, активни на болеста се 91 лице, од кои десеттина се хоспитализирани во Инфективната клиника и болницата „8 Септмври“ во Скопје.

Инаку, Општинскиот оперативен штаб на Дебар, вчера достави барање до Главниот кризен штаб за справување со пандемијата од Ковид-19, во Општата болница да се испратат еден пулмолог и еден инфектолог.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девет скопски општини со над 100 активни случаи на Ковид-19, во Чаир околу 300

Убава вест: 142 оздравени лица од Ковид-19, во Скопје 68

Вкупно 389: Починаа уште 4 пациенти заболени со Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија во Брисел ќе понуди „француски предлог плус“

Редакција

За испорака на Палевски ќе бидат потребни месеци

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ побара разрешување на Јанева на денешната пленарна седница, пратениците го одбија предлогот

Редакција