Во Дебар, вклучувајќи ја тука и општина Центар Жупа, во изминатите три дена нема новодијагностицирани со Ковид-19. Според надлежните, последно нови случаи биле регистрирани на 28 август и тоа девет, кога за жал починаа и две лица.
Се очекува ново заразени да има, имајќи ги во предвид бројот на земените брисеви за кои се очекува резултат, како и масовното непочитување на мерките за заштита.
– Од почетокот на пандемијата до сега вкупниот број на заразени изнесува 252 лица, од нив поголемиот број или 201 се од втората фаза на болеста, односно од 5 јуни кога опасниот вирус по точно 50 дена повторно се врати во ова подрачје.
Потврдената бројка на заразени е од направените над 1.250 тестови, велат од епидемиолошката служба во Работната единица на Центарот за јавно здравје во Дебар.
Со оздравениот еден пациент пред два дена, вкупната бројка на оние кои ја добиле битката со опасниот вирус изнесува 158, додека за жал ја изгубиле десет лица.
Моментно активни на болеста се 84 лица од кои над десет се хоспитализирани во здравствените установи во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска само 11 новозаболени од Ковид-19, но и мал број на тестирања 450
Убава вест: Оздравени 95 заболени од Ковид-19, најмногу од Скопје 44
Починаа тројца заболени од Ковид-19, вкупната бројка на починати надмина 600
МИА/Фото: Општина Дебар