еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Во ЕУ 42 проценти од децата се родени во вонбрачни заедници, кај нас 12,1

Процентот на новородени деца во вонбрачни заедници во ЕУ во 2018 година изнесува 42 проценти, што е раст од 17 проценти во однос на 2000 година, покажуваат податоците на Евростат.

Кај нас 12,1 процент од новородените деца во 2018 година биле од вонбрачни заедници, што е раст од повеќе од два процента во однос на 2000 година кога биле 9,8 проценти.

Во регионот најголем процент вонбрачни деца има Бугарија – 58,5 проценти, по што следат Косово со 38,7 проценти, Србија – 26,8 проценти и Хрватска 20,7 проценти. Под нас е само Грција со 11,1 процент, додека за Албанија и Црна Гора нема податоци.

Во 2018 година во осум земји членки на ЕУ поголем број од новородените деца биле во вонбрачни заедници и тоа Франција – 60 проценти, Бугарија – 59 проценти, Словенија – 58 проценти, Португалија – 56 проценти, Шведска – 55 проценти, Данска и Естонија – по 54 проценти и Холандија – 52 проценти.

Ова, според Евростат, сигнализира нов тренд во форматот на семејствата во однос на потрадиционалниот модел каде новороденчињата се во брачни заедници.

Бројот на вонбрачни деца бележи раст во речиси сите земји членки на ЕУ во 2018 година споредено со 2000 година. Исклучок се Естонија, Латвија и Шведска каде останува реалативно стабилно.

Најголем раст на вонбрачните деца има во Португалија и Шпанија каде меѓу 2000 и 2018 година има промена од +33,7 проценти во Португалија и +29,6 проценти во Шпанија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петков: Премиерот не носи сам одлуки, ако има договор со Скопје прво МНР ќе ја извести Владата

Редакција

Советот на Европа официјално ја заведе земјата под Северна Македонија

Редакција

ЕУ постигна договор за влегување на целосно вакцинирани патници од трети земји

Редакција