Во полициската станица во Гевгелија вчера околу 13 чаот и 15 минути од екипа на Итната медицинска помош било пријавено дека кај објектот кој се гради на старата автобуска станица во центарот на градот имало починат работник.
По увидот што на местото на настанот го извршиле претставници на полициската станица, јавен обвинител и трудов инспектор било констатирано дека се работи за лицето Н.Т (45) од Богданци, кој изведувајќи градежни работи на објектот паднал од скеле и починал на лице место.
Телото на починатиот, по наредба на јавниот обвинител, било пренесено на обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.