еМагазин
Image default
Македонија

Во изолација 78 ученици и деца од претшколска возраст во Штип

Во изолација ќе бидат 50 ученици од две штипски основни училишта, откако вчера беа потврдени позитивните тестови на нивните двајца наставници.

Директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова истакна дека допрва ќе утврдуваат дали ќе се тестираат учениците.

Инаку, од пред два дена во изолација заминаа и 28 деца од една штипска градинка, заедно со нивните две воспитувачки.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека од вчера е почната монтажа на централниот довод за кислород на новата модуларна болница.

– Инжинерите на фирмата која го доби тендерот од вчера почнаа со монтажата на централниот довод за кислород. Кога ќе биде се комплетно завршено ќе може да се стави во функција, со што дополнително се обезбедуваат 47 болнички кревети.

Со отворањето на модуларната болница, капацитетот на Клиничката болница за лекување на корона пациенти се зголемува на 120. Во штипскиот Ковид центар денеска се хоспитализирани 43 пациенти, а едно лице на возараст од 72 години починало во болнички услови.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Караџовски: Концертите, забавите, групирањата без носење на маски се причините за зголемен број на случаи со Ковид-19

Редакција

Починаа осум лица од корона вирусот, меѓу нив пациенти на 34 и 45 години

Редакција

Отворено писмо на културните работници до премиерот Заев: МКЦ да биде одминат од вашата „метла”

Редакција