еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 17 пациенти, а вкупно се лекуваaт 360

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

Вкупно 360 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 12 приеми и тоа по двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за уво нос и грло, на Очната клиника, на Клиниката за дерматологија и на Клиниката за Нефрологија.

Четворица болни се примени на Клиниката за гастроентерохепатологија.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало четири нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника еден во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациент, на Клиниката за очни болести 6 пациенти, а на ОРЛ 19 болни.

На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 104 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 92 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 185 случаи на Ковид-19, пет починати и 307 оздравени пациенти

Редакција

Стигнаа 10.530 вакцини на „Фајзер“, купени со директни преговори со производителот

Редакција

Елизабета Канческа-Милевска до ВМРО- ДПМНЕ: Јас не сум, предавници се они кои бегаат и не нудат решенија

Редакција