Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 320 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
“По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 20 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Штип е хоспитализиран 35 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 16 болен, а во Куманово 45 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 20 во ковид центарот во Гостивар 17, а во Струга 20 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани 4 во Кичево 12, Кавадарци 16, во Гевгелија 2 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 584 и има околу 580 празни болнички кревети во ковид центрите.
Фото: МЗ