еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 30 пациенти, а вкупно се лекуваaт 283

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 283 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 14 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 3 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 9 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 16 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 15 пациенти.

На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 16 пациенти.

Ковид центарот на Клиниката за Очни бочести од вчера е затворен, а во текот на денешниот ден ќе се префрлат и останатите 4 пациенти од центарот на Клиниката за уво нос и грло и во текот и тој центар ќе биде затворен.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 88 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 81 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 163 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И судењето за „Еразмус“ се враќа на почеток, поротник заминува на работа во Германија

Редакција

По третпат се очекува да почне судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

Редакција

Нема забрана невладини и приватни фирми да користат „Македонија“ во својот назив, вели Десковска

Редакција