еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 56 пациенти, а вкупно се лекуваат 489 болни

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 56 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 489 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 34 приеми и тоа седум пациенти биле хоспитализиран на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клиниката за Неврологија, двајца болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, двајца пациенти на Клиниката за нефрологија, 11 во ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло и девет болни на Клиниката за очни болести.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 нови приеми на пациенти, а исто толку и Инфективната клиника.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 27 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 47 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 25 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, а на Клиниката за очни болести 23 пациенти.

Во ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло има 25 пациенти,“ се вели во соопштението.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 106 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти, од кои 7 деца и 19 возрасни.

Вкупно 489 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

„И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка,“ се додава во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осуда за нападатот на новинарката на Канал 5 од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и новинарските здруженија

Редакција

Вкупно 241 здравствени работници во Македонија заразени со коронавирусот, излекувани 203

Редакција

Наташа Габер-Дамјановска реизбрана за директор на Академијата за судии и јавни обвинители 

Редакција