еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 4 пациенти, а вкупно се лекуваaт 65

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 4 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 65 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

„Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало еден прием.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември немало  примени пациенти, 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 11 оздравени пациенти.

Во  ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 8 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 22 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 35 пациенти,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција

Jанкулоска за ТВ21: Се наоѓам во Македонија и на крај памет не ми паднало да заминам било каде

Редакција

МВР: Секаков вид притисок, закана или уцена при гласањето ќе биде спречен и санкциониран

Редакција