Во „Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика“ при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во текот на изминатата недела, е изведен ПЦР тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism со користење на Vir SNiP SARS CoV 2 Spike S371L S373P за детекција на SARS CoV-2 кај 49 позитивни примероци на SARS-CoV-2 од болнички и примероци од пунктовите, информираат од ИЈЗ.
“Позитивните примероците се одбрани од тестираните позитивни во период од 14-20.02.2022 година, од следните градови: Скопје, Кавадарци, Тетово, Охрид, Струга, Кочани, Велес, Свети Николе, Штип, Виница и Гевгелија.
Во 29 (59,2%) од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на Омикрон.
Во 20 (40,8%) од испитуваните примероци е докажана BA.2 сублинијата на Омикрон – позната уште и како „stealth““, велат од ИЈЗ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се најчестите симптоми на подваријанта на омикрон, „стелт“, регистрирана и во Македонија
Минатата недела се намалил бројот на лицата кои по вторпат се заразиле со Ковид-19
Минатата недела 106 смртни случаи од Ковид-19 во 23 градови
Фото: МЗ