еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Македонија се присутни три соја на коронавирусот: Според ЕМА, сегашните вакцини во две дози штитат од новите мутации

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека во државава се присутни два, три соја на Ковид-19 вирусот, но нагласи дека превенцијата и вакцинацијата се важни за сите соеви.

„Присутни се два, три соја на вирусот и тоа што е битно е дека принципите се исти – вакцинација и превенцијата која важи за сите соеви. Вкупниот број на вакцинирани во државата, меѓу 70, 80 и 85 проценти, би било нешто што значи колективен имунитет“, појасни Филипче.

Според Европската агенција за лекови (ЕМА) пак, потребни се две дози од вакцините против Ковид-19 за заштита од делта сојот, кој е многу позаразен и кој предизвика нов бран на случаи во многу земји.

ЕМА потврди дека сите вакцини дозволени во ЕУ – „Фајзер“, „Модерна“, „АстраЗенека“ обезбедуваат „висока заштита“ од сите видови што моментално циркулираат во Европа, особено кога станува збор за тешки симптоми и хоспитализации.

Покрај промовирањето на вакцините, европското регулаторно тело ги повика граѓаните да продолжат да се придржуваат кон епидемиолошките мерки на физичко растојание и носење маски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вакцинацијата не е задолжителна, но ќе биде ли „присилна“

Фото: Photo by Viktor Forgacs on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од новозаболените со коронавирусот, 5 се здравствени работници од Клиниката за кожни болести

Редакција

Крајот на Ковид-19 се ближи, и доктор Пановски ќе се пензионира

Силвана Жежова

Скопјанец имал 4 милиони евра бруто-доход во 2021 година, најмладиот милионер има 8, а најстариот 96 години

Редакција