еМагазин
Image default
Македонија

Во недела очекуваме 3.000 руски вакцини по ДХЛ, најавува Заев

Според информациите што ги има премиерот Зоран Заев во недела во земјава треба по ДХЛ треба да стигнат првите 3.000 руски вакцини.

„Секој ден очекуваме конкретна информација кога ќе стигнат вакцините. Сега имам конкретна информација кога ќе стасаат ама како да кажам, ако не стигнат?

Во недела ги очекуваме првите три илјади што ќе дојдат преку ДХЛ, а министерот се организира со амбасадорот да ги пречека и потоа тие да бидат пуштени,“ изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Тој потсети дека во текот на вчерашниот ден и Министерство за здравство објави оти се потврдени 21 илјада вакцини од Фајзер. Договорот конечно е потврден, рече, после сите прашања кои ги поставија нивните служби. Министерот Филипче, нагласи Заев, ја кажа и динамиката колку ќе пристигнат во прв, што е за втор квартал, што е за трет и четвртиот квартал.

„Стаса и информацијата и од КОВАКС до крај на првиот квартал, односно до крајот на овој месец ќе стасаат првите количини, а тие се меѓу 20 и 30 илјади. Така што во март ќе почне масовната вакцинација по протоколите – покрај здравствените работници, ќе бидат вакцинирани и хронично болните и возрасните граѓани,“ рече премиерот.

Тој истакна дека земјава се уште очекува вакцини од Кина каде беше платен аванс, кој потоа беше повлечен. На потврдување и осигурување на количините вакцини, рече Заев, покрај министерот за здравство работат и министрите за надворешни работи и за европски прашања.

Заев информира дека има и нови понуди за набавка за вакцина на „АстраЗенека“, кои, како што рече имаат постабилни количини. Најави дека во текот на денот ќе има разговор со британски претставници од највисоко ниво за да се види дали може за седум до десет дена да стасаат и тие вакцини.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ќе ја добие првата жена претседател

Редакција

Канческа и Мијалков на суд: Продолжуваат судењата за „Таргет-Тврдина“ и „Тендери“

Редакција

Палевски останува уште 30 дена во притвор

Редакција