еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје почнува вакцинирањето со „Спутник V“

Во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје денеска почнува вакцинацијата против Ковид-19 со вакцината „Спутник V“.

Во поликлиниката Букурешт, пак, почнува ревакцинацијата со вакцината на „Фајзер“.

Вакциналните пунктови и во двете поликлиники ќе работат во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник заклучно со сабота.

-Поради проширувањето на ковид капацитетите и актуелната состојба, вакцинацијата продолжува со здравствените работници кои се под висок ризик за добивање ковид инфекција, од сите институции во државата, соопшти Министерството за здравство.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмногу нови случаи и хоспитализација во градовите каде има најмалку вакцинирани

Редакција

За „бомбата“ се огласи Миодраг Дака Давидовиќ: На Кичеец му дадов 300.000 евра за консалтинг, ништо од ветеното не исполни

Редакција

Детален преглед: 68 компании кои котираат на Македонската берза во првото полугодие имаат добивка, 22 загуба

Редакција