еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Во последното деноноќие 35 пожари, активни се уште два

Противпожарните тимови вчера интервенирале на 32 пожари, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), добиени од институциите на Системот за управување со кризи (СУК),.

Утрово се активни два пожара, во Општина Македонски Брод, кај село Белица месност „Аргулица“, каде е зафатена ретка борова шума на тешко пристапен терен и во Општина Боговиње, кај село Ново Село на локација со мешена шума и ниска вегетација.

ЦУК информира дека вчерашните изгаснати 33 пожари, од вкупно 35-те, биле во општините: Општина Чучер Сандево, кај с.Долно Блаце (каде што горела мешана шума), Општина Студеничани, с.Горно Количани (ниска вегетација и шума), Општина Бутел; покрај ул. „Александар Урдаревски“ (одпадоци), Општина Аеродром, Горно Лисиче (отпадоци), Општина Ѓорче Петров, два пожара, покрај обиколницата автопат Скопје –Тетово (ниска вегетација), Општина Гази Баба, два пожара, с.Страчинци (стрниште) и кај с.Инџиково(стрниште), Општина Шуто Оризати, покрај ул. „Индира Ганди“ (отпадоци), Општина Битола три пожари, с.Братиндол (ниска вегетација), с.Крстоар (ниска вегетација и стрниште) и во кругот на старата касарна во Битола (ниска вегетација), Општина Струмица три пожари, кај с.Куклиш кон с.Свидовица (депонија), кај затворот покрај ул.„Цветан Димов“ во Струмица (ниска вегетација) и во пределот кај с.Ангалци кон с.Седларци (ниска вегетација), Општина Гевгелија, с.Стојаково (ниви), Општина Валандово, с.Стојаково (ниска вегетација), Општина Велес два пожара, кај с.Црквино(ниска вегетација) и во населба „Превалец“ (ниска вегетација), Општина Чашка, с.Оморани (стрниште), Општина Неготино два пожара, с.Корешница (ниска вегетација) регионалниот пат Неготино-Црвени брегови (ниска вегетација), Општина Куманово четири пожара, кај с.Ваксинце (ниска вегетација и стрниште), кај с.Романовце (ниска вегетација), во населбата „Карпош“ (ниска вегетација и стрниште) и кај месност „Никуљски Пат“ (ниска вегетација), Општина Старо Нагоричани два пожара, кај с.Младо Нагоричане месност „Маала Вујевци„ (ниска вегетација и стрниште) и кај с.Младо Нагоричане месност „Маала Пиленац“ (стрниште), Општина Јегуновце, с.Долно Опашје (ниска вегетација), Општина Теарце, с.Лешок (насад со зимзелени украсни растенија), Општина Тетово, с.Фалиште (ниска вегетација), Општина Гостивар, автопатот Гостивар-Тетово (ниска вегетација) и во Општина Штип, с.Горни Балван (ниска вегетација).

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил старо-новиот министер Садула Дураки

Редакција

Каков имот пријавил Оливер Спасовски, кој е кандидат за технички премиер

Редакција

Нула минути чекање на граница и една работна дозвола – бараат бизнисмените од Македонија, Србија и Албанија

Редакција